Министерот Филипче се сретна со д-р Стоиљковиќ, директорка на српскиот Институт „ТОРЛАК“
Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со д-р Вера Стоиљковиќ, директор на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „ТОРЛАК“ од Република Србија.
Институтот е најстара институција од овој тип во светот со традиција и искуство подолго од 80 години и се занимава во производство на вакцини, серуми и други имунобилошки и дијагностички препарати, соопшти Министерството за здравство.
-Благодарност до д-р Стоиљковиќ што брзо се одѕва на мојата покана и со нејзиниот тим денеска ме посети во Скопје. „ТОРЛАК“ е единствениот институт во регионот кој набрзо ќе започне со производство на вакцини против Ковид-19, истакна Филипче.