Миланов: Во случајот ,,Диво насеље“ нема докази за тероризам


Во Апелацискиот суд во Скопје, со исказ на адвокатите од одбраната, денеска продолжи јавната седница по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво насеље.

Адвокатот Еленко Миланов, рече дека основна грешка во оваа постапка е во обвинителството и правната квалификација тероризам.

– Неспорен факт е дека имаме страшен настан, но исто неспорен факт е дека ниту како тероризам обвинителството не можеше ова да го докаже. Во Диво насеље полицијата појде да врши претрес по дадени наредби. На тој претрес се пружи отпор. Ова не е акт врз неопределени лица и институции кои не преземаат никакви дејствија. Не можеме тоа да го третираме како тероризам. Не еднаш е извршен оружен отпор на полициски сили, но немало тероризам. Сметам дека обвинителството не докажа акт на тероризам, изјави Миланов.

Посочи дека во текот на постапката се извршени голем број суштествени повреди, но сепак веројатноста да се укине пресудата е во промили.