Мицкоски: Жртвата на претците нè потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите после нас

Премиерот Христијан Mицкоски, придружуван од вицепремиерот Изет Меџити, како и министерката за образование Весна Јаневска, положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред зградата на Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Скопје го честита Илинден со пораки за заедништво и просперитет.
„Овој ден нека нè посетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле, за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва нè потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите после нас. Држава во којаштo ќе имаме среќни граѓани, која ќе биде просперитетна и ќе бидe татковина на сите – без разлика на етничката припадност. Ова е ден на обединување, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Свети Илија“, кажа премиерот.
Тој не дозволи новинарски прашања по неговото излагање.