Мицкоски: Заев ми даваше 5 министерства, само да го прифатам Договорот


Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Битола кажа деак премиерот Зоран Заев му нудел влез во владата само да го прифати Договорот од Преспа.

– После пет часа ми рече, ајде еве ти влези во владата и бирај кои сакаш пет министерства само прифати го договорот, изјави Мицкоски

Тој рече дека му одговорил дека има образ и достоинство и дека тоа нема цена.

„Ова не го работам ниту за пари ниту за моќ, не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава и твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, затоа не го лажи народот и кажи ја вистината. Нудеше и те одбивме затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капитулацијата, затоа што ја одбравме страната на народот од прв ден до последен ден денешен, така ќе биде и во иднина, рече Мицкоски.

Тој побара техничка Влада веднаш после претседателските и да се организираат предвремени парламентарни избори на есен.Од битолчани побара поддршка за Гордана Силјановска Давкова.