Мицкоски: Во 5 отсто за НАТО спаѓаат и инфраструктурни проекти


Премиерот Христијан Мицкоски во врска со одвојувањето на пет проценти од Буџетот за одбраната денеска појасни дека барањата се да се направи јасен акциски план во догледен рок и практично да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО.

– Тука треба да сме свесни дека во тие 5 проценти влегуваат и инфраструктурните проекти како капитални инвестиции кои практично ќе бидат користени за потребите на Алијансата – изјави Мицкоски по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во И

Тој додаде дека тука влегуваат и голем број од инфраструктурните проекти кои како држава ќе ги правиме.

– Ние во моментот сме нешто над 2,5 проценти, а тоа што беше на времето максимум или плафон од 2 проценти, сега е минимум како што таму се вика. Многу голем број од земјите членки на НАТО сè уште не го издвојуваат тој минимум – рече Мицкоски.