Мицкоски од Собрание заминал на операција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Собрание заминал на полесна хируршка интервенција. Според информации од Државната клиника, на Мицкоски му било отстрането масно ткиво од вратот. На фотографијата која тој ја постирал може да се види фластер на десната страна од вратот. Иако најави дека ќе чека до 12 часот, очигледно заклучил дека битката за мнозинство е  изгубена. 
 
-Динамичен ден.Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката…После 45 минути лесна хируршка интервенција која беше закажана пред кампањата, ја одолговлекував поради кампањата и денес дојде редот. Се чувствувам одлично.
Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите.
Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.