Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите


Лиценците за онлајн игрите на среќа кои ги укина Владата на последната седница биле давани незаконски, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Фондот за здравство. Тој додаде дека според правното мислење од Министерството за финансии, истите биле давани незаконски без да бидат запазени процедурите.

„Затоа што тие лиценци коишто се давани, се незаконски давани. И затоа што имаме начелно правно мислење од Министерството за финансии дека сето тоа што е дадено како лиценца е незаконски издадено. И Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција, но и другите институции ќе се погрижат да јавноста многу скоро ја дознае вистината за тоа како се давани, зошто се давани“, изјави премиерот Мицкоски.