Мицкоски кај семејствата на загинатите во пожарот во Тетово


 
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ги посети  фамилиите чии блиски  настрадаа во пожарот во тетовската болница  и притоа прати порака дека за случката не треба да има само морална, туку и кривична одговорност.
 
– Бевме во семејството на едни од тие жртви, луѓето се уште го преживуваат хоророт кој се случи на тој ден. Разговарав со двајца синови чија мајка е жртва на овие настани. Дел од тоа што го преживеја го пренесоа и навистина тоа што се случува е трагично, траорно и болно. Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ може да го ветиме и да се обврземе, и јас како човек, е дека оваа работа порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај, а виновниците мора да сносат одговорност без разлика дали е функционална или морална.Во Македонија се случуваат пречесто пожари, кои сега чинат и човечки животи, рече Мицкоски.
 
 Тој апелираше за совест и ги повика најодговорните да понесат оставки и одговорност за да не се повтори ваквата несреќа.