Метеоролозите на Балканот најавуваат драстична промена


Фото: Б. Грданоски

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека поларниот вртлог кој следната седмица ќе се спушти на Балканот ќе го донесе првиот снег на планините, особено во Словенија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.

-Се работи за поинтензивни врнежи од снег (локално над 40 – 50 цм). Да напоменеме дека снежната граница може да се спушти и до 1000 па и под 1000 м.н.в.

И хрватските медиуми веќе пишуваат дека од лето директно ќе преминат во зима.

Следат бурни ветрови, обилни врнежи од дожд, и снег на планините.

Метеоролозите наведуваат дека недела носи голема промена, бидејќи студен фронт ќе се приближи од северозападот на Европа. Кон крајот на неделата и ноќта кон понеделник, врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините. Температурите на места во внатрешноста ќе бидат пониски за десет степени. Ќе залади и на Јадранот, невремето најпрво ќе дува во северниот дел, во текот на ноќта најмногу ќе се прошири во поголем дел од Јадранот.

Во Македонија промена на времето ќе има од самиот почеток на следната седмица кога темепратурата ќе падне за 7-8 степени.