Меркел во супермаркет – купува сапун и тоалетна хартија


Германската канцеларка Ангела Меркел ја доживува пандемијата од корона вирус како и милиони Германци. Во попладневните часови, како и повеќето нејзини сограѓани пазари во супермаркет.

Таа вчера во 17 часот влегла во супермаркетот „Хит Улрих“, па најпрво отишла до полиците со овошје и зеленчук, а потоа и кај слатките, пишува „Билд“.

Сама ја наполни кошницата, а меѓу производите имаше вишни, сапун и тоалетна хартија. Меркел платила со картичка.