Меркел пресече – нема задолжителна вакцинација
Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против корона вирус, рече денеска канцеларката Ангела Меркел.
Меркел додаде дека посигурно би било да се вакцинираат повеќе Германци, да се придржуваат до мерките за дистанцирање и со повеќе тестирања да се помогне во спречувањето на четврт бран од корона вирусот, пренесе Ројтерс.
„Немаме намера да одиме по тој пат. Нема да има задолжително вакцинирање“, рече канцеларката на прес-конференција.