Меркел подготви големи промени за доселениците: Нови услови за работа во Германија
Нов план за интеграција на мигрантите во германското општество, систем на образование и пазарот на труд подготви канцеларката Ангела Меркел заедно со привте луше на сојузните покраини и граѓанскиот сектор.
Планот би требало да важи најмалку десет години, а на овој Национален акциски план за интеграција се работело три години, а во неговото стравање учествувале 300 претставници на гемранските држави, градови како и 75 миграциски организации. Усвоен е на големиот самит со кој претседавала Анет Видман-Maуц, гелманската пратеничка за интеграција.
Во првата фаза која почнува уште во матичните земји се бараат оние кои сакаат да се образуваат и да работат за да се привлече дефицитакна, но и квалификувана работна сила.
Втората фаза вклучува мерки на почетна интеграција како што е учењето јазик, совети за почеток на секојдневен живот, признание на порано стекнатите квалификации.
Третата фаза би била посветена на вклучувањето и учествување во германското општество, а притоа се мисли и на интеграција на пазарот на труд, но и граѓански ангажма, како е очигледно дека од новите доселеници во германија се очекува да учествуваат во општиот општествен живот, а не само во животот на заедницата од своите сонародници од каде потекуваат.
Четвртата фаза се занимава со темелите на раст на општеството, што значи овозможување на доселениците рамноправно да учествуваат и да имаат корист од здравството, култура, медиуми и спорт, значи поттикнува со разноликост во овие сфери.
Во петтата фаза целта е да се зацврсти припадноста и солидарноста со своите нови соседи и неговното друштво чиј дел станале доселениците. Тоа подразбира зголемување на степенот на натурализација, граѓанско образование и учество во него, еднакви прилики на пазарот на труд и кога се работи за претприемаштво но и за јавниот сектор.
Нагласокот е на напорите за сузбивање на дискриминацијата и расизмот. Новиот план подразбира и ново занимање – „интеграциски надзорник“. Се работиз а Германец кој би ги мониторирал апликантите за миграција во Германија за да се избегнат евентуални недоразбирања кои до сега го спречувале нормалниот соживот и интеграцијата на мигрантите кои во големи броеви стигнуваа во најголемата германска економија, пренесува Вечерњи лист.