Мексико планира да го ревидира трговскиот договор со САД и Канада на почетокот на есента


Мексико очекува планираната ревизија на трилатералниот трговски договор со САД и Канада (USMCA) да започне на почетокот на четвртиот квартал од оваа година, изјави денеска мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард.

„Официјалниот почеток на евалуацијата се очекува кон крајот на септември, првата недела од октомври“, рече министерот.

Ебрард, исто така, минатата среда изјави дека автомобилите произведени во Мексико и извезени во САД ќе бидат предмет на царина од 15 проценти, а не 25 проценти, благодарение на дополнителните трговски бенефиции.