Меган Маркл ги налути Британците, сака да заштити збор стар речиси 500 години
САД– Меган Маркл се обидува да го заштити историскиот збор „архетипи“ откако најави дека нејзината прва серија подкасти за „Спотифај“ ќе се вика „Архетипи“ (Archetypes).
Војвотката од Сасекс минатиот месец поднела барање до американската Канцеларија за патенти и трговски марки, со кое ја покрива употребата на „архетипови“, збор што доаѓа од старогрчки и првпат влезе во англиска употреба во почетокот на 1540-тите години.
„Листата на вклучени стоки и услуги е во областа на културниот третман на жените и стереотипите со кои се соочуваат жените,“ стои во документот поднесен до Канцеларијата.
Апликацијата ја направи „Арчивел аудио“, една од 11-те компании што ги основаа принцот Хари и Меган, со седиште во даночниот рај Делавер. Ова ќе значи дека двајцата ја поседуваат трговската марка, а не „Спотифај“, кој во 2020 година им платил 18 милиони фунти.
Оваа вест ги налути британските медиуми.
„Меган се обидува да го заштити зборот ‘архетипови’, војвотката сака да спречи некој друг да го користи зборот што првпат се појави во англискиот јазик пред 470 години – откако реши да го користи за наслов на својот подкаст за Сптифај“, гласи насловот на статијата во „Дејли мејл“.
„МОЈ ЗБОР Меган Маркл се обидува да заштити секојдневен збор за наслов на подкаст на Спотифај и покрај тоа што постои СТО години“, е насловот на статијата во „Сан“.