Медведев се повлече среде меч, Ѓоковиќ ќе игра финале во Астана


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот од АТП серијата 500 во Астана, откако Данил Медведев го предаде натпреварот, при резултат 1-1 во сетови (4-6, 7-6).

Со оглед на настаните на теренот, ништо не навестуваше таков шокантен епилог. Двајцата тенисери одиграа два одлични сета, а веднаш по тај-брејкот во вториот сет Русинот, му пријде на Новак, му честиташе и го предаде мечот.

Во првиот сет Ѓоковиќ имаше големи проблеми со својот сервис. Процентот на прв сервис беше само 52%, па Медведев стигна до два брзи брејка и предност која беше недостижна за некогашниот најдобар тенисер на светот (6-4). Во вториот сет, Новак ја подобри својата игра на свој сервис и тоа донесе многу возбудувања. Откако двата тенисери имаа решение за секој налет на противникот, сетот влезе во тај-брејк, во кој српскиот ас славеше со 8-6.

За Ѓоковиќ ова е 128-мо АТП финале, а ќе ја брка својата 90-та титула. Ривал ќе му биде Стефанос Циципас, со кого играше четири финалиња и ги доби сите четири.