Медитерански уштипци со фета и домати


Овие уштипци мирисаат на море, а лесно се прават без многу мака.

Состојки:
20 чери домати
1 црвен кромид
1 млад кромид
200 гр фета сирење
10-12 листови свеж босилек
1 јајце
100 гр пченично брашно
Бибер, мајчина душица, оригано (по вкус)
Маслиново масло (за пржење)

Подготовка:
Овие солени закуски брзо се прават, мирисаат прекрасно и може да се сервираат топли или ладни – со јогурт, хумус или само малку маслиново масло.

Совет:
Ако смесата е премногу мека, додадете уште малку брашно. А ако сакате покрцкави рабови, користете тава со потенок слој масло и пржете на средна топлина.

Шери доматите исечкајте ги на четвртинки, црвениот и младиот кромид ситно исечкајте ги. Со вилушка изгмечете ја фетата, а босилекот ситно исечкајте го.

Во поголем сад измешајте ги доматите, кромидот, фета, босилекот и зачините. Додадете ги јајцето и брашното, па измешајте да се соединат сите состојки во густа смеса погодна за калапирање со лажица. Во тава загрејте малку маслиново масло. Извадете ја смесата со лажица и пржете ги кнедлите од двете страни додека не добијат златна кора.

Исцедете ги на хартиена крпа и послужете ги топли или на собна температура