Маж на Алјаска е убиен од женка лос – се обидувал да ги фотографира нејзините младенчиња


Женка лос нападна и уби 70-годишен маж од Алјаска, кој се обидувал да ги фотографира своите две новородени младенчиња.

„Двајца мажи ги барале бебињата на лосотс кога ги нападнала женка лос. Тие се обиделе да избегаат, но лосот го убил Дејл Чорман од Хомер. Другиот маж не е повреден”, изјави Остин МекДаниел, портпарол на Одделот за јавна безбедност на Алјаска..

Лекарите констатирале смрт на Чорман на местото на настанот. Во Алјаска, каде живеат околу 737.000 луѓе, живеат околу 200.000 лосови. Овие животни вообичаено не се агресивни, но можат да нападнат во случај на провокација или заштита на младенчињата, пишува NBC News.