Масна ви е косата, а немате шампон за суво перење? Оваа намирница ќе ви помогне
Овесната каша е богата со растителни влакна кои помагаат во обновувањето на функцијата на цревата, ги елиминираат токсините, одговорни се и за намалување на нивото на шеќер во крвта, го забрзуваат метаболизмот и ја спречуваат апсорпцијата на мастите. Исто така, оваа храна е важна за убавината на косата.
Од античко време, жените ги препознаваат својствата на овесната каша кои придонесуваат за убавина. На пример, Египќаните редовно користеле купки со овесна каша – им помагале во борбата против разни кожни болести, а современите истражувања докажуваат дека овесната каша е одлична алтернатива за некои козметички производи, особено оние за нега на коса.
Наместо сув шампон
Немате при рака шампон за сува коса? Нема место за паника, бидејќи овесот може да го замени. Се што треба да направите е да нанесете мала количина каша на косата (само погрижете се да е ладна) и добро да ја исчешлате. Ова нежно го чисти скалпот, отстранувајќи го вишокот на себум.
Маска за коса
Овесот совршено ја хидрира косата и ја остава косата мека и сјајна. Овесната каша во комбинација со други состојки може да се користи за борба против првутот. Овесот е богат со минерали и витамини: цинк, железо, магнезиум и калиум, а сите тие придонесуваат за раст на косата. Сомелете ја овесната каша, додадете малку млеко и оставете ја смесата да набабри. Додадете неколку капки бадемово масло и нанесете ја смесата на косата. Завиткајте ја главата во крпа, за 15-20 минути маската доволно ќе ви ја засити косата, а потоа исплакнете ја косата со ладна вода.