Маск: Тесла ќе прави 10.000 Roadster автомобили годишно
Директорот на Тесла, Елон Маск, тврди дека неговиот хиперспортски двосед на струја ќе има подобри перформанси од ривалите на прочуените спортски авто-комапнии.
Тој не ги крие своите амбиции кога станува збор за втората генерација на моделот Tesla Roadster.
Кога пред една и пол година е претставен првиот прототип на овој автомобил, Маск откри дека продукцискиот Roadster од состојба на мирување до стотка ќе стигнува за помалку од 2 секунди, а дека максималната брзина што ќе ја постигнува е повеќе од 250 милји на час односно 402 km/h.
Како што пренесува Тесларати, првиот човек на тесла неодамна во подкаст изјави дека годишното производство на Roadster треба да достигне 10.000 примероци.
Маск, при тоа, рече и дека новиот електричен хиперавтомобил на Тесла ќе ги надмаши перформансите на конкурентните традиционални производители, како Ферари и Ламборгини.
Се проценува дека Tesla Roadster ќе има почетна цена од околу 200.000 долари. Во споредба со други современи хиперспортски автомобили на пазарот, кои често имаат и седмоцифрена цена во долари или евра, тоа и не е премногу, но треба да се има предвид дека такви автомобили се произведуваат во помали серии/
Од друга страна, Porsche годишно продава околу 35.000 од своите 911-ки, по цени што се движат од 100.000 долари па нагоре.
Во тој контекст, 200.000 долари навистина се преголема сума, па проектираните 10.000 Roadster модели се чини како тешко достижна цел, со оглед на тоа дека во светот постојат ограничен број луѓе кои се подготвени да издвојат 200.000 долари, евра или фунти за автомобил.