Марс некогаш имал плажи и крајбрежја како оние на Земјата


Научниците и истражувачите објавија нови информации кои ги утврдиле со анализа на податоците од Марс, наведувајќи дека Црвената планета некогаш имала плажи.

Иако Марс во моментов не изгледа како планета со плажи и услови за живот, кинескиот ровер Zhurong забележал докази за древно крајбрежје.

Според меѓународниот тим на истражувачи, гребените се доказ за древни плажи формирани од плимните наслаги од океанот, исто како и на Земјата.

Ова откритие, објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, додава тежина на теоријата дека дури една третина од Марс некогаш била покриена со океани. Тоа било пред 3,6 милијарди години.

Истражувачите веруваат дека географските формации се создадени од плима и бранови кои полека депонирале седимент на падините.

Истражувачите веруваат дека географските формации се создадени од плима и бранови кои полека депонирале седимент на падините. Ако тоа е крајбрежје, истражувачите велат дека е добра локација за да се бараат докази за вонземски живот.

„Песочните дини имаат повеќе насоки. Истото е и со тековите на лавата. Нема докази дека ударен кратер ги создал овие навалени површини“, вели професорот Мајкл Манга од Универзитетот во Калифорнија.

На Земјата, океаните можат полека да градат гребени на нивните рабови, при што плимата и брановите депонираат седимент за да формираат нежно наведнати брегови.

Марсовите гребени, кои се на околу 10 метри под сегашната површина на планетата, се навалени под слични агли на овие формации на Земјата.

„Ако имало океан, одамна го нема – како што покажува акумулацијата на метри материјал на врвот на гребенот. Поддржувачите на оваа теорија сугерираат дека водата испарила во вселената или отишла под земја додека планетата се оладила“, изјавија истражувачите.