Марксистот Кастиљо близу до победа на претседателските избори во Перу
Неизвесноста го достигна врвот во понеделникот на финалето на претседателските избори во Перу: радикалниот левичарски кандидат Педро Кастиљо за првпат поведе, откако беа изброени 94,355 проценти од гласовите.
Поранешниот учител во 12 часот по локално време (19:00 часот по средноевропско време) водеше пред популистичката десничарка Кеико Фуџимори за 39.164 гласа (50,11 проценти), а имаше 72.000 помалку гласови шест часа порано, според Националната канцеларија за изборни процеси (ОНПЕ), пренесе Хина.
По првичните делумни резултати од 42 проценти од избирачките места, Кастиљо го надополни заостанувањето за шест процентни поени потврдено во неделата вечерта.
Гласовите од руралните и оддалечените области во дождовната шума Амазон, склони кон кандидат кој го нагласува неговото рурално потекло, му овозможија да ја престигне ќерката на поранешниот претседател Алберт Фуџимори (1990-2000).
Гласовите на милион Перуанци кои живеат во странство може да го променат трендот, предупредуваат експертите.
„Резултатите се уште се неизвесни“, рече во понеделникот аналитичарот Фернандо Туеста.
Тензиите се на врвот во двата табора, а Кастиљо повика на „воздржаност“, повикувајќи ги приврзаниците да не дозволат да бидат „провоцирани“ и дека „само народот ќе го спаси народот“.
Досега ниту еден кандидат не ги оспори резултатите, што може да го одложи официјалното прогласување во случај на изедначен исход.
Набљудувачите на Организацијата на американски држави (ОАС) досега ја поддржуваа работата на перуанските изборни органи.
Во земја каде што не одењето на избори се казнува парично, од запишани 23.262.475 гласачи, гласале 17.803.306. Повеќе од милион гласачки ливчиња беа прогласени за неважечки, а повеќе од 100.000 илјади не заокружиле ниту еден од кандидатите.