Марковиќ: Црна Гора се подготвува за туристичката сезона
Црна Гора – Црна Гора наредните недели ќе се подготви за туристичката сезона, за продолжување на инвестициите и новите партнерства, објави црногорскиот премиер Душко Марковиќ на Твитер.
Марковиќ наведе дека со тоа „побрзо ќе се ублажат негативните ефекти од кризата“ предизвикана од епидемијата на новиот коронавирус.
– Црна Гора е на пат да стане „корона фри“ дестинација, оцени Марковиќ.