Манев размислувал да се самоубие: Откако ја закопавме Вања, Палчо виде колкава врева се кренала на интернет


Фото: Б. Грданоски

Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол за родителите да дадат побрзо пари за откуп, сведочеше денеска обвинетиот Велибор Манев.

„Јас ја одлепив лентата од устата на Вања за да може Љупчо Палевски да ја слика со вперен пиштол за родителите побрзо да дадат пари за откуп“, раскажа обвинетиот Велибор Манев во денешното сведочење за тоа како го грабнале девојчето.

Тој вели дека според она што им го кажал Палевски, договорот бил да се грабне 40-годишна жена, ќерка од првиот брак на познат фармацевт во Македонија.

Тој повтори дека за Алекдандар првпат слушнал во полиција и таму го видел на слика. Во полиција при крајот на распит го натерале да каже дека Палчо и Александар се познаваат и комуницираат.

„Првите денови размислував да се самоубијам“, призна Манев.

„Кога Палчо ја уби Вања не бев далеку туку на десетина метри. Го видов како го носи перничето и ја пука“, продолжи денеска со своето сведочење за убиството на Вања Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев.

„Потоа извади нови алати од пикапот и не натера да ископаме дупка и да ја закопаме. Единствено преместување на телото е кога ја стававме во дупката. Ја копавме околу 20 минути, а за тоа време телото на Вања не го мрдавме се додека не ја ставивме внатре. Пред да ја преместиме беше во вреќа, ја извади и фрли во колата на Жежовски. Лопатите ги фрливме попат кога одевме кон Глуво со колата на Панче. Лопатата, пред ја фрли Палевски, ја чистеше. И рачката и металот и ги прскаше со ВД-40 за да се сокријат трагите. Подзастанаа и Кешишев ги фрли алатите во долот“, објасни детално обвинетиот.

По убиството, Палчо заплилил цигара и отворил телефон

„Тогаш виде што се случува на интеренет и колку врева се кренало“, додаде Манев.