Макрон утре ќе го објави составот на новата влада

Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада, изјавија извори блиски на шефот на државата.
Пред два дена францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка, а Макрон на негово место го именуваше Жан Кастекс.
Макрон и Кастекс подоцна денеска ќе одржат состанок во Елисејската палата, на кој ќе разговараат за составот на новиот владин кабинет.
– Во оваа фаза е предвидена структура од околу 20 министри, а нивните заменици ќе бидат именувани подоцна, тврдат анонимните извори.