Макрон ги повика европските лидери да не бидат „кукавици“ околу Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика сојузниците на Украина да не бидат „кукавици“ во поддршката на земјата да се бори против руската инвазија.
„Сигурно се приближуваме кон моментот за Европа во кој ќе биде неопходно да не бидеме кукавици. Војната се врати на нашата почва…Ќе мораме да живееме според историјата и храброста што таа ја подразбира“, изјави Емануел Макрон за време на говорот пред француската заедница во оваа држава.
Претседателот е во посета на Прага за да разговара со својот чешки колега Петр Павел за висината на придонесот на Париз во чешката иницијатива наменета за купување муниција за Украина надвор од Европската унија.