Македонското знаме, Мајкл Џордан и Памела Андерсон во собата на Роџер Федерер


 

Легендарниот Роџер Федерер неодамна објави официјален крај на својата величествена кариера, но тоа што повеќе нема да го гледаме на турнирите не значи дека го снема од очите на јавноста.

Згора на тоа, волшебникот од Базел веројатно уште долго, ако не и засекогаш ќе ги интересира медиумите, а особено неговите и тениските фанови.

Така на Твитер се појави фотографија од 1998 година, кога Федерер имаше 17 години. Се наоѓа во собата на неговиот дом во Базел, на ѕидовите се поставени постери на Мајкл Џордан и Памела Андерсон, како и знамето на Македонија.

Јасно дека по оваа фотографија Федерер на Балканот ќе добие уште повеќе поддржувачи.