Македонските танчери со одлични резултати на Thessaloniki Dance Festival (фото)


Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плус остварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории.

Во конкуренција на врвни танчери од повеќе земји, македонските претставници постигнаа:

– Андреј Димоски & Сашка Колеска – 3 место (WDSF Adult Open Latin) и 4 место (WDSF Rising Stars)
– Лука Димовски & Каја Мирчески – 4 место (WDSF Junior 2)
– Драган Трајковски & Дарија Трајкова – 5 место (WDSF Under 21 Latin)

Во соло категориите:
– Теодора Стојановска –  3 место (WDSF Youth и WDSF Adult)
– Елена Псалтиров – 5 место (WDSF Adult) и 6 место (WDSF Youth)
– Ана Колевска – 6 место (WDSF Junior 2)
– Никита Ангеловски – 2 место (Junior 2 Open)

Дополнително, повеќе натпреварувачи се пласираа во четвртфинале во конкуренција од над 80 учесници.

Одличните резултати беа поздравени од претседател на Сојузот на спортски федерации, Мартин Клинчаров.

Дел од судискиот панел беа и нашите реномирани судии Верица Василеска и Иван Ангелковски, а натпреварувачите беа придружувани од тренерскиот тим- Огнен Анѓушев и Симона Спировска.

„Овие резултати се потврда дека со континуирана работа и вистинска поддршка, младите спортисти од Македонија можат да бидат конкурентни на највисоко европско ниво. Ова е само дополнителен мотив за уште поголеми успеси во периодот што следи“, изјави тренерот на Ритам Плус, Огнен Анѓушев, долгогодишен поранешен првак на Македонија во спортски танци, кој е дел и од компанијата „Фероинвест“.

Учеството на натпреварот беше поддржано од „Фероинвест“, кој обезбеди поддршка за тимот, како и брендирана опрема за натпреварувачите.

Компанијата и минатата година поддржа танцов спортски настан во Скопје, со што ја потврдува својата континуирана заложба за поддршка на спортот, младите и нивниот развој.

Ритам Плус минатата недела освои и најголем број награди на државното првенство во спортски танци во Скопје.

(Комерцијалне текст)