Македонските граѓани најмалку подготвени на Балканот да ја бранат државата


Според статистичките анализи на Европската комисија  македонските граѓани се најмалку подготвени од целиот Балкан да се борат за својата држава, без оглед што е многу силна патриотската реторика и на неа водат политика многумина во Македонија. 

Според овие податоци само 55 отсто од граѓаните кај нас се подготвени да се борат ако е загрозена државата, наспроти 87 отсто во Грција, 77 отсто во Бугарија, речиси 70 отсто во Србија, 87 отсто во Словенија, 85 отсто во Албанија…