Скок од три места на листата на ФИФА: Македонската репрезентација – 68. во светот


Македонската фудбалска репрезентација е 68. сила во светот, покажа најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска. Скокот од три места се должи на победата над Летонија и нерешениот резултат со Словенија во првите две кола од квалификациите за ЕУРО 2020.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на априлското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 20. место, Австрија е 34., Словенија се наоѓа на 63 позиција, Израел е 84., додека Летонија е 133 фудбалска земја во светот.

Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 127 место.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Хрватска, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.