Македонија пак ја запре Италија, сега со нерешено
Изгледа неверојатно, но македонската фудбалска репрезентација станува голем проблем за Италија. Не само поради спектакуларната победа во Палермо и претходните успеси во мечевите меѓу двете екипи, туку и со денешниот нерешен резултат на Градскиот стадиоон во Скопје 1:1 (0:0).
Италијанците влегоа во мечот со новиот селектор Лучано Спалети, а Македонците по ужасниот пораз од Англија од 7:0. Првото полувреме беше речиси целосно во знак на италијанските фудбалери, кои имаа четири големи шанси, кои само поради повеќе среќа останаа нереализирани. Македонија имаше една извонредна шанса преку Миовски кој со глава биеше покрај левиот дирек.
Второт полувреме почна со гол на Ќиро Имобиле во 47. минута. Потоа Италијанците некако ги запреа нападите главно одржувајќи го резултатот сѐ до 81. минута кога капитенот Енис Барди со еден спектакуларен гол од слободен удар од 20-ина метри ги доведе 23-те илјади навивачи на стадионот до невидена егзалтација. Македонија во второто полувреме играше многу подобро од првото и изгледа дека примениот голем беше поттик да се ориентира повеќе на напад и екстремна борбеност.
Во продолжението италијанските фудбалери напаѓаа но тоа беше повеќе јалово, но немаа шанси. Македонските фудбалери спокојно го одведоа мечот кон реми завршница, што е огромен успех против актуелниот европски шампион и се рехабилитираа за срамниот пораз од Англија.