Македонија го доби првиот сигурен учесник на Олимпијадата: Дарио ќе трча во Париз
Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот Македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот Македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон.
Дарио својот прв маратон го истрча токму на нашиот Скопски маратон во 2020 година, потигнувајќи резултат од 2:31:16, а во 2021 година стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27).
Ваквиот успех на Дарио Ивановски е еднаков на исполнета норма и тоа во најтешката атлетска дисциплина. Веста на социјалните мрежи ја сподели тренерот на Дарио, Игор Јакимовски.