Мајмуни за тестирање на вакцини избегале од камион по судир
Од камион кој превезувал 100 лабораториски мајмуни, по судир што се случил во Пенсилванија, САД, побегнале четири, поради што полицијата тргнала во потрага, предупредувајќи ја јавноста да не им приоѓа на животните.
Камионот со мајмуни се судри со празен камион во близина на Данвил, Пенсилванија во петокот попладне, на пат кон лабораторија во Флорида. Полицијата на Твитер соопшти дека четири мајмуни „побегнале од местото во околината“. Фатени се три мајмуни, но еден се уште е во бегство.
Локалниот интернет портал за вести WNEP објави дека полицијата користи термални камери во потрагата по мајмуните макаки со долга опашка, а полицајците на теренот имаат моќни батериски светилки .
Државната полиција на Пенсилванија објави фотографија од приматот кој седи на дрво покрај рутата 54 во ледената ноќ. Новинар објави дека полицијата го опколила мајмунот пред да се пука од неидентификувано оружје.
Во саботата наутро на официјалниот Твитер профил на полицијата беше објавено дека мајмунот се уште е во бегство, а полицијата ги повика граѓаните да не се обидуваат да го бараат или фатат животното.
Долгоопашестите макаки можат да чинат до 10.000 долари и се барани за тестирање вакцина против коронавирус, според Њујорк Тајмс. Тие можат да живеат во заробеништво до 30 години.