Мадуро понуди преговори со опозицијата, Гуаидо не преговара со диктатори
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека е подготвен да преговара со опозицијата за излез од политичката криза. Меѓутоа, неколку часа подоцна, лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, одговори дека „нема да преговара со диктатура“.
Мадуро и Гуадо испратија своите претставници во Осло во мај на разговори под покривителство на Владата на Норвешка. Сепак, тие не успеаја да постигнат договор.
Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо, нагласи дека никогаш нема да биде добар момент за разговори со претседателот Николас Мадуро.
-Никогаш нема да биде добар момент за преговори со киднаперите, диктаторите и оние што ги кршат човековите права, изјави Гуаидо во Собранието на Каракас, контролирано од опозицијата.