Мачен случај на силување и убиство на девојче ја разбесне Австрија – приказната е застрашувачка


Австрија, овие денови, ја тресе страшно злосторство на убиство и силување на 13-годишно девојче.

Пред една недела, во саботата, најдено е телото на 13-годишно девојче во парк во центарот на Виена, а овој понеделник, полицијата уапси две лица на возраст од 16 и 18 години кои се сомничат за убиство и силување.

Родителите на девојчето се скршени од болка, а во неделата ја идентификувале. Така на јавноста ѝ стана познат идентитетот на девојчето, кое се вика Леони. Истрагата продолжила неделава, а полицијата излезе со детали.

Шефот на јавната безбедност: Осомничени се Авганистанци

Франц Руф, главен директор за јавна сигурност, потврди вчера дека полицијата во средата вечерта уапсила двајца за силување и убиство на Леони.

„Се работи за 23-годишен државјанин на Авганистан, кој од 2015 година е во Австрија во својство на барател на азил, инаку веќе ѝ е познат на полицијата поради деликти со дрога“, рече Руф, пренесе магазинот Феникс.

И првите двајца осомничени се Авганистанци

За страшното злосторство осомничен е и четврт актер кој е во бегсто и по него е распишана потерница. Истражитлите сметаат дека токму тој го извршил увиството и силувањето, во кое се смета дека учествувале сите четворица.

Руф не откри повеќе детали затоа што истрагата е во тек, но австриските медиуми пишуваат дека веројатно  е работи за групно силување.

Точната причина за смртта на е позната, а државното обвинителство на Австрија издаде налог за да се изврши обдукција, како и токсиколошко и молекуларно-генетичко вештачење.

Тројца осомничени се во истражен затвор, а по четвртиот рапсишана е потерница

„Истрагата е во полн ек“, истакна Руф, кој пред јавноста пласираше статистички податоци за кривични дела кои се извршени од Австријци или од луѓе кои дошле во земјата.

„Бројките укажуваат на силна присутност на сторени кривични дела, пред се од бегалци од Авганистан“, рече Руф. Својата изјава ја поткрепи со бројки, па така на 100.000 домашни жители 883 се сторители на казнени дела австриски државјани, а дури 4.000 Авганистанци. Повеќето од казнените дела се поврзани со силување.

Руф потврди дека тројцата осомничени за убиството на 13-годишната Леони се во истражниот затвор. Двајцата, 16-годишникот и 18-годишниокот, се уапсени во понеделникот, а третиот во средата во метро станица.

Иако полицијата дава штури информации за истрагата медиумите меѓу кои и агенцијата АПА пишуваат дека во петокот Леони се нашла со 16-годишниот Авганистанец околу 2 часот наутро на виенски Донауканал, место каде се собираат млади.
Потоа, наводно заминала во станот на 18-годишникот, каде подоцна дошол и третоосомничениот 23-годишник кој донел дрога, со која се претпоставува дека Леони е дрогирана. Најверојатно се работи за екстази.

Сите медиуми од доверливи извори пренесуваат дека Леони прво ја силувале најмалку двајца, а потоа ѕверски е убиена во саботата околу 7 часот наутро. Потоа е оставена како ѓубре покрај стебло во паркот потпрена на него, каде ја нашле случајни минувачи.

Полицијата не ги потврдува медиумските написи, а ловот по четвртиот учесник продолжува.

Министерката за ЕУ и Устав: Тоа е варварски чин

Министерката за ЕУ и Устав, Каролине Едстадлер изрази сочувство со семејството и кон учениците од училиштето каде Леони учела, а потоа предупреди дека „секој оној што бара заштита во Австрија должен е да ги почитува нејзините вредности и закони“.

„Во спротивно, тој што не сека да го направи тоа, нема што да бара во нашата земја“, рече Едстадлер.

„Тоа беше варварски чин кој мора да има одговарачки последици“, вели таа.

Родителите се скршени од болка, но велат дека Леони била проблематична во однесувањето.

Во присуство на адвокат тие дадоа интервју за heute.at, Рекоа дека Леони често имала проблеми, па пред една година контактирале со Канцеларијата за помош на младите, а нивната ќерка некое време била и во кризниот центар.

Заминувала од дома четири пати, а четвртиот пат не се врати.

„Беше надвор со нејзината најдобра другарка и дома требаше да дојде во 21 часот“, вели мајката Мелани, опишувајќи што се случило кобната вечер меѓу 27 и 28 јуни.

Една недела порано се скарале околу терминот за враќање дома по излегувањето.

„Реков дека можам да бидам и построга. Пратив порака преку WhatsApp. праша дали може да да дојде до 22 часот. Се согласив. Но кога Леони не дојде дома, пак преку WhatsAppa прашав: „Доаѓаш ли дома?“. Леони одговори „Не“!. Тоа беше последната порака“, раскажува мајката, инаку медицинска сестра.

Идното утро од родителите на другарката на Леони дознале дека таа дошла дома пред полноќ, но без Леони.

„Често лежам на софата и не можам да дишам. Сопругот и јас едвај јадеме“

Родителите велат дека тогаш ја известиле полицијата, а попладне истиот ден во медиумите прочитале за тело најдено во Виена.

„Помислив на пријателка на својата најстара ќерка, затоа што медиумите пишуваа дека жртвата има 18 години. Не помислив дека тоа може да биде Леони. Но, кога го објавија описот на пронајденото девојче, ми се јави ужасен сомнеж, Пред сè, по препознатливата боја на очи и џемперот, пантолоните и патиките. Веднаш се јавив во полиција и хистерично викав по еден од полицајците веднаш да ги спореди фотографиите. Ми се јавија од Виенската државна канцеларија на криминалистичката полиција. Ме повикаа да дојдам да го идентификувам телото, но не можев. Најпосле тоа го направија нејзините браќа“, прераскажува Мелани.

„Често лежам на софата и не можам да дишам. Сопругот и јас едвај јадеме. Добив инфузија и зедов боледување. Спиеме најмногу еден час и кога се разбудувам, ништо нема смисла“, вели таа.

„Нашата друга ќерка оди во истото училиште како Леони и гледа свеќи и цвеќиња. Го проверува и спомен-обележјето во дунавскиот град. Само денес фотографијата на Лони, која ја видовме пред дрвото каде беше најдена, исчезна. Најмалиот син сака мир и тишина. А ние не сакаме со нас да се разговара на улица, па не излегуваме. Мојата ќерка му веруваше на 16-годишник и тоа беше смртна казна“, додава.

Таа се прашува зошто тоа момче сè уште било во Австија покрај сите злосторства? Каде била политиката? Зошто не е депортиран?

Се охрабрува со своите три други деца.

„Штом тоа биде можно, семејството ќе ја испрати Леони на нејзиното последно патување. Мојата сакана Леони ќе се прости од овој свет во бел ковчег со бели и црвени цветови. Телото ќе се кремира, а нејзината урна ќе ја ставиме дома, за секогаш да биде со нас“, заклучува Мелани.

Канцеларот Курц сака да се слушне со семејството

Во петокот адвокатот на семејството Флорин Хилворт, потврди дека канцеларот Себастијан Курц сака да му се јави на семејството. Курц веднаш по првата вест за пронајдено тело во Виена изрази најдлабоко сочувство за убиената девојка. Истакна дека е бесен и длабоко погоден со грозното злосторство.

Австрискиот весник Хеуте во петокот зеде изјава и од таткото на Леони, Ханс В. (39), инаку помошник во итната санитетска служба.

„Ние не можевме нашето дете да го врземе со синџири. Таа беше бунтовна и работеше тоа што ја веселеше. Едноставно, беше слободен дух“, вели таткото на убиеното девојче.