Лукашенко доби удар в лице, виновникот веднаш се извини (фото)


За време на хокеарски натпревар, еден од хокеарите го удрил белорускиот претседател Александар Лукашенко и му го повредил лицето. Играчот се извини и нема да има никакви последици, пренесоа новинските агенции.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во саботата играше хокеј на мраз.

„Еден од хокеарите (33) случајно го урил в лице. Веднаш бил отстранет од теренот. Новинарите почнале да ја проверуваат неговата состојба“, објави на својот Твитер профил постариот советник на Светлана Циханускаја, Франак Виачорка.

Тој додаде дека официјалните медиуми објавија дека играчот се извинил и дека нема да има никакви последици.