„Луј Витон“ објави нов накит со симбол сличен на „Z“ на руските сили


 

Брендот за луксузни производи „Луј Витон“ се најде на удар на социјалните мрежи поради новата колекција LV Volt.  Новиот накит, кој беше објавен на социјалните мрежи на компанијата на 22 март, ги содржи спојувањето на буквите L и V – заедно тие личат на буквата Z, која руските власти сега ја користат како знак на поддршка за нивните акции во Украина.

Стотици коментари се појавија на Инстаграм и Твитер на „Луј Витон“ под објави за колекцијата, во кои корисниците ја изразуваат својата огорченост, ја обвинуваат компанијата дека поддржува агресија, ја нарекоа ПР кампањата „страшна“ и изразија мислење дека сега не е најдобро време за употреба на такви симболи.