Лопез и Шакира ќе пеат на „Супербоулот 2020“


САД– Светските поп-ѕвезди Џенифер Лопез (50) и Шакира (42) годинава ќе ја забавуваат публиката на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби. Двете тоа го потврдија на Твитер.

– Ништо не може да е поголемо од ова. Едвај чекам да настапам на „Супербоул“, напиша Шакира на својот Твитер профил.

Шоуто ќе вклучува кус музички настап и интервју со двете пејачки.

Финалето во американско рагби ќе се одигра на 2 февруари на стадионот Хард рок во Мајами, Флорида.

Шакира има освоено три Греми награди, 13 Латино Греми награди, четири МТВ музички награди, 7 Билборд музички награди, 39 Билборд латино музички награди и има продадено над 75 милиони плочи во светот.

Лопез има освоено две Американски музички награди, седум Билборд латино музички награди, и е музичка икона со продадени над 80 милиони плочи во светот.