Лога ќе го средува судството по совети на Саудиска Арабија
Кралството Саудиска Арабија има една од најдобрите развиени дигитализации во светот, што се докажува со одржување на повеќе од н 90% онлајн судења .Токму поради ова ,министерот Лога потенцира дека е од особена важност за РСМ, како земја кандидат за членка во ЕУ, соработката првично да се насочи во експертска и техничка поддршка за успешно дигитализирање на правосудството.
Заеднички ги дискутираа, сличностите и разликите во двата правосудни системи, со цел преку размена на искуства да се придонесе до успешна примена во пракса.Со посебно внимание, министерот Валет, го следеше излагањето на својот колега и вети несебична помош и поддршка со испраќање на најдобриот тим во РСМ со цел да се запознае со работата на ИКТ советот при Министерството за правда, со што и директно ќе им се сподели експертска помош, креирање и имплементирање на нов софтверски систем со цел успешно владеење на правото.
Инаку, во Саудиска Арабија целото право почива на Шеријатот, а меѓу казните што се изрекуваат има и смртна казна, каменување и ампутација, така што посетата освен што е добра шанса да се прошета, нема ништо со стандардите што ги бара ЕУ од нас ниту со стандардите во Европа.