Љупчо Николовски бара од градоначалниците да ги регулирааат трошоците за кафани и службени возила


 Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, ги повика сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата и да го регулираат начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци.

-Локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат сретсвата за репрезентација на градоначалниците и користење на службените возила. На предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се донесоа две одлуки кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Овие одлуки се во насока на рационално и транспарентно користење на буџетските средства, се вели во соопштението.

Одлуката, стои во соопштението, за регулирање на користењето на службените возила веќе се применува и секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува.

– Целта е оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели, информираат од кабинетот на Николовски.

Функционерите, се вели во соопштението, исто така, ја применуваат и почитуваат одлуката за  начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци и имаат точно определни износи кои смеат да ги искористат за угостителски услуги за работни состаноци, според точно утврдени критериуми.