Лиз Трас не издржа – поднесе оставка како британски премиер
Трас беше на функцијата само 45 дена. Нејзиниот мини-буџет ги урна пазарите, загуби двајца клучни министри и довербата на своите пратеници

Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер и ќе се повлече по еднонеделниот итен натпревар за наоѓање на нејзиниот наследник, објави таа пред Даунинг стрит 10.
Тоа следи по турбулентните 45 дена на функцијата за време на кои мини-буџетот на Трас ги урна пазарите, таа загуби двајца клучни министри и ја загуби довербата на речиси сите свои пратеници.
Нејзината изјава дојде откако таа се сретна со Греам Брејди, претседател на Комитетот на ториевци од 1922 година на Даунинг Стрит, проследено со нејзиниот заменик-премиер Тереза Кофи и со партискиот претседател Џејк Бери.
Трас рече дека стапила на функцијата со „визија за економија со ниски даноци и висок раст што ќе ги искористи слободите од ‘Брегзит’“.
Таа продолжи: „Признавам дека, со оглед на ситуацијата, не можам да го дадам мандатот на кој бев избрана од Конзервативната партија. Затоа, разговарав со неговото височество Кралот за да го известам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија.
„Утрово се сретнав со претседателот на Комитетот од 1922 година, Сер Греам Брејди. Се договоривме дека изборите за лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела. Ова ќе осигури дека ќе останеме во име да ги реализираме нашите фискални планови и да ја одржуваме економската стабилност и националната безбедност на нашата земја. Ќе останам како премиер додека не се избере наследник“.
Вчера, за време на прашањата за премиерот во парламентот Трас збруваше дека таа е борец и не помсилува на оставка. Денес тоа целосно се промени.
Лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по оставката на Трас веднаш повика на итни општи избори. Во изјавата Стармер рече:
„Конзервативната партија покажа дека повеќе нема мандат да владее. По 12 години неуспех на ториевците, британскиот народ заслужува многу подобро од оваа вртечка врата на хаосот. Во последните неколку години, ториевците поставија рекордно високо оданочување, ги уништија нашите институции и создадоа криза на трошоците за живот“.
Лидерот на Либералните демократи, Ед Дејви, исто така повика на општи избори, како и шкотската премиерка Никола Страџен. На предвремени избори повикаа и лидерот на Зелената партија и премиерот на Велс.
Со оглед на тоа што анкетите и даваат на Лабуристичката партија големо и растечко водство, Конзервативната партија одлучи дека единствената надеж за избегнување на изборниот заборав е Трас да биде заменета. Но, тие остануваат поделени околу тоа кој точно треба да го направи тоа.
Партијата сака да избегне уште еден поделен лидерски натпревар како трката пред неколку месеци кога Трас го победи поранешниот шеф на Министерството за финансии Риши Сунак. Меѓу потенцијалните замени – ако конзервативните пратеници можат да се согласат – се Сунак, лидерот на Долниот дом Пени Мордонт и новоименуваниот министер за финансии Џереми Хант.
Кој и да е, ќе биде третиот премиер на земјата само оваа година. Националните избори не мора да се одржат до 2024 година.
Падот на Трас беше забрзан со оставката во средата на министерката за внатрешни работи Суела Брејвермен. Таа се повлече откако ги прекрши правилата со испраќање официјален документ од нејзината лична е-пошта. Таа го искористи своето писмо со оставка за да ја нападне Трас, велејќи дека има „загриженост за насоката на оваа влада“.
Повеќе детали ќе следат.