Лидерот на СДП во Хрватска си оди по поразот на изборите

Главниот кандидат да го наследи Пеѓа Грбин е градоначалникот на Копривници, Мишел Јакшиќ


Сегашниот лидер и многу веројатно идниот: Пеѓа Грбин и Мишел Јакшиќ

 

Пеѓа Грбин, претседател на СДП, најави дека на 10 јуни, ден по изборите за Европскиот парламент, ќе соопшти дали повторно ќе се кандидира за шеф на најсилната опозициска партија во Хрватска. Според извори од таборот на социјалдемократите, најверојатно Грбин ќе се откаже од обидот да остане на сегашната позиција, без оглед на исходот од изборите за Европскиот парламент.

СДП загуби на парламентарните избори минатиот месец, трет пат по ред, бидејќи Грбин во изминатите четири години не успеа да ѝ вдахне нова енергија на идеолошки запоставената партија, ниту пак изгради политички и менаџерски авторитет во јавноста, што, на крајот на краиштата, самиот го призна кога му ја препушти на претседателот Зоран Милановиќ кандидаторуата за премиер од редовите на СДСМ. Тој потег значително го подобри резултатот на СДП, но целата предизборна активност на Грбин беше сведена на тој потег, што не можеше да биде доволно за победа, пред сè, поради одлуката на Милановиќ да остане на претседателската функција паралелно со неговата кандидатура за премиер, а потоа и поради крајните сомнителни постапки на Уставниот суд. Шефот на СДП, пак, се покажа како лош предизборен и постизборен преговарач, со тоа што неговиот преговарачки простор по изборите, објективно, беше многу стеснет.

Според она што неформално може да се слушне во круговите на СДП, доколку Мишел Јакшиќ, триесет и осумгодишниот градоначалник на Копривница и пратеник по втор пат, реши да се кандидира, натпреварот ќе биде извесен. Јакшиќ, кој сè уште не се изјаснил за своите амбиции, беше еден од најзабележителните и најконзистентни претставници на опозицијата во последното свикување на парламентот: иако е образован како економист, тој суверено го водеше Комитетот за правда и компетентно учествуваше во широки политички дебати. И во 2017 и 2021 година победи во првиот круг на изборите за градоначалник на Копривница. Зад него нема опашки за афери и скандалозни изјави. Не е конфликтен, но не бега ниту од остра размена на мислења. Тој добро ги познава СДП и сите важни луѓе во организацијата одвнатре. (Новости)