Левандовски би можел да ја напушти Барселона
Роберт Левандовски повторно е во центарот на вниманието во Барселона. Иако во последните недели шпанските медиуми пишуваа дека клубот е подготвен да му понуди нов едногодишен договор, сега од Италија доаѓаат информации што дополнително ја комплицираат целата приказна.
Според неколку италијански медиуми, Роберт Левандовски и неговите претставници истовремено разгледуваат други опции за продолжување на неговата кариера, а Милан се издвојува меѓу заинтересираните клубови.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година, а неговиот тековен договор важи до 30 јуни оваа година, односно до крајот на сезоната.
Барселона му понуди на Левандовски продолжување за уште една сезона, со значително пониска основна плата и поголем дел од бонусот. Сепак, Полјакот има право да преговара со други клубови од 1 јануари, па неговите претставници ја искористија можноста. И тоа, се чини, доста ги изненади сите во Барселона.
Имено, Левандовски – според италијанските медиуми – самиот го контактирал Златан Ибрахимовиќ и отворено му се понудил на Милан!
Газета дело Спорт тврди дека Левандовски е подготвен да дојде во Милан, но „росонерите“ сè уште не можат да му ја понудат платата што ја очекува. Од друга страна, Милан е многу заинтересиран за Левандовски и прави сè што може за да постигне договор.
А Барселона за сето ова дознала дури минатата недела кога му понудила на Левандовски нов договор, а потегот на полскиот напаѓач дошол како непријатно изненадување. Некои од челниците на клубот отишле дотаму што го сметале за големо предавство.