Лентата со машничка може да биде опасна при обликувањето на главата на бебето

Солт Лејк Сити – Иако може да бидат симпатичен и шармантен моден додаток за вашето бебе, лентите со машнички за глава не се баш препорачливи за малечкото, велат стручњаците. Меѓу нив, и Метју Ролер, педијатар и киропрактичар во Солт Лејк Сити, Јута, САД, ги предупредува родителите да не им ставаат таква лента на бебињата, бидејќи таа може да биде опасна при обликувањето на малата глава.
– Притисокот што го вршат лентите е поголем од оној што јас би го направил „за да ги решам проблемите“ со обликот на главата, вели Ролер. – Ако ја извадите лентата од главата на Вашето бебе и видите вдлабнатина во главата, тоа не е добар знак, бидејќи главата на бебето треба да биде тркалезна.
Наместо тоа, препораките говорат: Родителите да користат нешто што не ја стега главата на бебето кое е на самиот почеток од својот развој.
Сара Ханстед, педијатриска медицинска сестра и основач на едукативната програма „ЦРП кидс“ (CPR Kids), исто така, предупредува против овој тренд. Таа раскажа за случај во супермаркет каде што самата била сведок, кога бебе – девојче, се мачело да земе здив откако лентата за глава ѝ паднала преку устата и носот додека била во количка.
Кога здравствената работничка итно ѝ ја отстранила лентата, девојчето веднаш гласно заплакало. Ханстед вели дека украсните ленти за глава се в ред за фотографирање, но советува дека никогаш не треба да ги оставате на бебето освен ако тоа не е во ваша близина, будно и под директен родителски надзор.