Лавров до Борел: ЕУ не е веродостоен партнер за Русија

Највисокиот дипломат на Европската унија, започнувајќи ја првата посета на висок претставник на ЕУ во Москва од 2017 година, рече дека приведувањето на Алексеј Навални и акција против антивладините демонстранти ги довеле односите со Русија на „ниско ниво“.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел изјави кога ја започна средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров изјави дека „нашите односи се навистина во тежок момент“, подвлекувајќи го она што се очекува да биде ден на тензични разговори меѓу Москва и блокот.
Европските земји остро го осудија затворањето на Навални и реакцијата на Русија на бранот демонстрации против Кремљ на национално ниво.
Многу од 27-те членки на ЕУ, заедно со Соединетите Држави, побараа ослободување на 44-годишниот критичар на Кремљ, кој преживеа труење со нрвен агенс во август и го обвинува Путин дека го нарачал тоа.
„Му ја пренесов на министерот Лавров нашата длабока загриженост и го повторив нашиот апел [за] негово ослободување и започнување на непристрасна истрага за неговото труење“, им рече Борел на новинарите по првиот круг разговори.
Лавров, кој им изјави на новинарите додека се упатуваше на состанокот со Борел дека „фер преглед“ на односите Русија-ЕУ е „одамна задоцнет“.
Тој исто така забележа дека Москва забележала како Брисел сѐ повеќе се однесува како Соединетите Држави и воведува еднострани ограничувања на земјите.
„За Русија, ЕУ е неверодостоен партнер“, рече Лавров.
Додека руските официјални лица го обвинуваат Западот за мешање, Борел пред да пристигне во Москва рече дека неговата посета „не е за мешање во внатрешните работи“, туку околу „универзалните принципи и меѓународните обврски“. Тој наведе дека Русија тоа потпишала како членка на Советот на Европа и како земја-учесник на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Навални беше осуден на 2 февруари на 3 и пол години затвор за кршење на условите на условна казна додека се опоравуваше во Германија од труењето. Поради веќе издржаното време, судијата рече дека Навални ќе помине 2 години и 8 месеци во затвор.
Навални повторно беше денеска на суд за наводна клевета на ветеран од Втората светска војна, кој учествувал во промотивно видео за поддршка на минатогодишните уставни реформи, кои му отвораат пат на Путин да остане на власт до 2036 година, доколку тој одлучи да учествува во два повеќе претседателски избори.
Тој беше обвинет откако на Твитер во јуни ги опиша ветеранот и другите кои се појавија во про-Кремљ видеото како „срам на земјата“ и „предавници“. (Според агенциите)