Лавина затрупа 21 планинари на Хималаите
Група од 21 планинари исчезнаа на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денеска надлежните.
На планинскиот врв кој се наоѓа во планинскиот венец Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.
Спасувачите од снегот извлекле осум планинари, а по преостанатите 21 уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот институт, но далеку од местото на лавина, рече шефот на полицијата на Утараканда Ашок Кумар, јави АП.
Највисокиот избран функционер на државата Утараканд Пушкар, Синг Дами, рече дека националните сили за реагирање на катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување, пренесе Ројтерс.
Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрагата за исчезнатите.
Лавините се вообичаени во планинските области Утараканда.
Минатата година пукање на глечер во државата резултирало со бујни поплави во која загинаа повеќе од 200 луѓе.