Латвијците протестираа против задолжителната вакцинација
Илјадници луѓе протестираа во Рига, Латвија, против задолжителната вакцинациа против Ковид-19.
Според проценката на полицијата, на протестот одржан доцна синоќа во главниот град на Латвија учествувале повече од 3.500 луѓе, пренесе агенцијата Балтик њуз.
Полицијата денеска соопшти дека истражува неколку помали инциденти кои се случиле во текот на протестот, кога биле скршени шофершајбни на полициски автомобил.
Насобраните не се придржуваа до мерките за социјална дистанца, а повеќето од нив не носеа ни маски за лице.