Куќите имаат „очи“ во малиот романски град Сибиу
Сибиу е средновековен град во романскиот регион Трансилванија, а препознатлив е по тоа што на покривите од куќите има „очи“, односно има прозорци кои даваат ефект како некој постојано да ве демне.
Очите, кои се симбол и туристичка атракција во градот, му го дадоа прекарот на Сибиу – односно, го нарекуваат „градот со очи“ или „градот во кој куќите не спијат“.
Магазинот „Форбс“ го смести на листата 10 најидилични места за живот во Европа. Сибиу има 150.000 жителу и се состои од горно и долно средиште поврзани со испреплетени улици.
Зградите во готски стил го одразуваат унгарско-германското влијание, а многу имаат и заедничка карактеристика на својот покрив од тешки ќерамиди: мали прозорци во поткровјето кои како капаци од очи гледаат кон вас.
Може да се видат обични куќи со две очи, а може да сретнете и куќи со три, четири и пет очи.
Сибиу некогаш бил административен центар и главен град на Сибенбургер Сашен, на германското население на Трансилванија.
Луѓето тврделе дека германските окупатори во регионот намерно ги изградиле куќите со очи за да влеваат страв кај населението – за да се знае дека некој секогаш ги набљудува и дека затоа мора соодветно да се однесуваат.
Во 2017 година градот стана симбол на серијата протести против корупцијата во државата.