Куомо: Масовните собири може да ја загрозат борбата против корона вирусот

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изрази загриженост дека масовните протести во Њујорк поради смртта на Џорџ Флојд може да ја загрозат долгата и тешка борба за сузбивање на пандемијата на корона вирусот.
– Вклучете го телевизорот и видете ги овие масовни собири кои можат потенцијално да заразат стотици и стотици луѓе по сè што направивме, рече Куомо на прес-конференција.
Тој предупреди дека луѓето треба да се запрашаат што прават.
Гувернерот на Њујорк се согласува со демонстрантите кои се борат против расизмот и социјалната нееднаквост, но тој е фрустриран поради можното компромитирање на социјалните и економските жртви направени во периодот од повеќе од два месеци.
Иако многу демонстранти се млади, тие можат да го пренесат вирусот на нивните мајки, татковци, баби и дедовци, рече Куомо.