„Културно лето на Чаир 2026“ во текот на јуни низ чаршијата и повеќе други локации
Општина Чаир го претстави „Културно лето на Чаир 2026“ – едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации.
Како што соопштуваат од општината, од 1 до 30 јуни, чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности.
„’Културно лето на Чаир 2026′ претставува манифестација што ги обединува граѓаните и го претвора Чаир во простор на средби, славење и културно доживување во текот на целиот месец јуни, наведуваат од Општина Чаир.