Кривична против екс директорот на ПИОМ Дритан Беџети за масовното вработување партиски кадри


Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Дритан Беџети (45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.2.2022 до 17.3.2023, кога ја вршител на функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Дритан Беџети во име на фондот склучил повеќе договори  за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.

Од соопштението на МВР се дознава дека Беџети иако ги ангажирал лицата знаел дека тие не ги извршувале работите кои им биле доверени, а не се водело никаква евиденција за нивно присуство во работните простории. Притоа на вработените лица во повеќе наврати им биле исплатени средства кои биле во согласност со нивните договори. На тој начин, пријавениот Беџети овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Северна Македонија.

Беџети како директор на ПИОМ дојде како кадар на Алтернатива на Африм Гаши и медиумите лани, за време на неговото директорување, известија дека за еден ден примил на работа 50 Албанци од Тетово, сите нивни партиски кадри.  Со оглед на тоа колку поддршка има Алтернатива, можно е да ја вработил и цела партија таму.

Со големо задоволство денеска примив 50 Албанци кои потпишаа договори за вработување.
На сите млади професионалци, ви посакувам здравје и успех во работата. Да продолжиме… – истакнал Беџети на примот на новите кадри.

 Дритан Беџети како советници вработил професор по математика, професор по физичко образование и еден правник кој му е роднина. Беџети за медиумите не одговорил што го советуваат советниците кои, а особено професорот по физичко образование.